| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката со криви очи ги освојува модните агенти

Мофи има сè што имаат и други модели – мека кожа, густа коса, убаво лице и долги нозе, но една мала разлика – има кривоглед.

Згодната тинејџерка во модниот бизнис влезе поради нејзината пријателка, која сметаше дека оригиналниот изглед на Мофи ќе биде ценет од страна на модните агенти. И беше во право.

Mофи беше избрана за едиторијал во списанието „Поп“, чии уредници беа воодушевени од фотографиите, па дури и одлучија таа да се стави на насловната страница.

Набргу потоа, Мофи потпиша договор со агенцијата „Сторм моделс“, која, всушност, ја прослави и Кејт Мос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top