Македонец во Австралија е осуден на 20 години затвор, откако пред повеќе од една година ја убил сопругата која му побарала развод.
Шеесетгодишниот Драги Магловски во октомври 2011-та со нож најмалку десет пати ја избодел својата сопруга Роса Магловска. Пред да ја убие, тој ја претепал сопругата, а убиството го извршил во присуство на својот полнолетен син.
Причината за убиството бил разводот кој го побарала жена му, по што тој се изнервирал, ја нападнал и ја убил. Маловски е уапсен и по судењето кое заврши денеска осуден е на 20 години затвор.
Драги Магловски во Австралија се доселил од село во Македонија, а подоцна на 30 годишна возраст се оженил со Роса која тогаш се преселила во Австралија. Тие во брак биле 28 години.
За убиството Магловски е осуден на максимум 20 години затвор, а не може да биде ослободен или помилуван пред да одлежи најмалку 16 години затвор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка