| четврток, 6 декември 2018 |

Искрен исповед на Коки: Не стигнав ни да се поздравам со Дуле (ВИДЕО)

Свиревме на четири места во една вечер, почнувајќи од 20 часот до 6 наутро. Телото бараше одмор и темпото беше пеколно. Дуле, и покрај тоа што беше носен кај најдобрите лекари дома и во странство, не сакаше да го остави алкохолот. Беше исклучително паметен и интелигентен човек, но и многу горделив. Не сакаше да се зборува за неговиот проблем.

koki zare

Дуото кое ги обележи изминативе две декади на многу генерации Mакедонци, во периодот на најголема слава поминувало исклучително тешки периоди со цел да одговори на барањата на публиката.  Николчо Јанков или многу попознат како Коки, во најновата „Еден на Еден“ речиси два месеци по смрта на Дуле отворено зборува дека алкохолот и пеколното темпо биле главна причина за распадот на дуото и за смртта на Дуле.

Ваквата ситуација го натерала да сврти нов лист и комплетно да го промени животот во 2007 година кога почнува после секоја свирка да заминува дома. Дуле, за жал, не го следи во чекор и продолжил со истиот стил на живеење кој на крајот се покажа како преголем залак за неговиот организам. Блиските го загубија Дуле, а Македонија го загуби еден од вистинските мајстори на живата свирка и најпрепознатливите гласови на музичката сцена.

За сите овие работи од минатото и за она што Коки денеска го работи, погледнете ја најновата „Еден на Еден“, премиерно емитувана во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top