| четврток, 6 декември 2018 |

Глупав арамија: крадејќи месо од фрижидерот, заборавил да ги украде парите

А, кога ги зел парите, ја заборавил кесата со месо...

kradec-maska-15

Заборавен крадец влегол во прилепска куќа да ја ограби и откако го зел месото од фрижидерот, си заминал. Пред да влезе во автомобилот, се сетил дека не ги украл парите, па се вратил. Тогаш го забележала бабата која живеела во куќата, тој ѝ се заканил и ѝ зел околу 7.000 денари, за да во второто бегство да ја заборави кесата со месото.

Настанот се случил утринава околу 1 часот, јавува прилепската полиција. Ц.К.(81) од Прилеп пријавила дека околу 1 часот, додека спиела во  дневната соба, непознато лице, влегло во дворното место од куќата и од визбата одзело мала секира со која насилно отворил прозорско стакло од помошната просторија, по што преку прозорецот влегол во куќата. Истиот извршил пребарување низ куќата, одзел месо од фрижидерот, алишта и кремови кои ги ставил во платнена торба, истата ја однел и ја оставил во  дворот, по што се вратил, но бил забележан од Ц.К., при што со закана од истата побарал пари, откако пријавената му дала 7.100 денари, сторителот со ПМВ  го напуштил местото, а торбата со предметите и секирчето останале во дворот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top