На глумицата Ева Лонгорија не ѝ беше потребно многу време за да ја преболи врската со Ернест Аргуел, па така на јавноста ѝ го промовираше новото момче – Хосе Бастион.
Хосе е претседател на медиумската куќа „Телевиса“, најголемата телевизија во Јужна Америка, а двојката наводно се забавувала веќе еден месец.
Двојката првпат заедно се појавила во петокот на гала-вечера, по повод отворањето на музејот „Џумекс“ во Мексико Сити.
– Таа е премногу среќна, додека, пак, тој е луд за неа – откри извор близок на двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


