Ева Лонгорија изјавува дека не е бремена и дека не ни планира да биде, во блиска иднина.
-Сите ми велат дека блескам, но не сум бремена. Само сум вљубена. Ние во моментов не размислуваме за тоа. Во брак сме само 4 месеци-изјави 41-годишната актерка.
Таа се пофали колку е среќна што е мажена со 47-годишниот Хозе Пепе Бастион.
-Прекрасно е! Се будам секое утро, се превртувам и си велам,“јас сум најсреќната жена на светот. Не можев да бидам посреќна што го имам овој човек како мој партнер. Да имате таква личност покрај вас без оглед на се, е одлично чувство.Ние си помагаме еден на друг за нашите кариери и за нашите лични животи. Хозе го надополнува мојот живот. Имаме исти вредности и еднаква етика за работа, и ние сме многу посветени на кариерите, меѓутоа и на нашите фамилии – рекла таа.
Ева претходно беше во брак 2 пати, но таа смета дека ја нашла нејзината сродна душа во својот 3 обид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.