| четврток, 6 декември 2018 |

13-годишната скопјанка Канита Сума како Лејди Гага

Канита Сума со само 13 години ќе го освојува балканот. Со новиот видеоспот и песна таа докажа дека може да се носи со светските музички имиња. Модерно, трендовски и пред сѐ - смело!

kanita suma

Неверојатно талентираната Канита Сума јавноста ја знае како девојчето коешто растури на минатогодишниот албански „Икс фактор“. 13-годишната Канита од Скопје ги воодушеви и публиката и жирито, и уште еднаш потврди дека во Македонија се раѓаат златни грла.

Иако не успеа да стигне до финалето на шоуто, само поради нејзините години, Канита е подготвена за следниот чекор во музичките води.

Нејзината прва песна е дело на композиторот Роберт Билбилов и за неа има две верзии – на англиски и на албански јазик. За двете песни се снимени и два видеозаписи за кои се погрижи „Горила филм“ во режија на Владимир Дади Ивановски. Сето тоа благодарение на „OnАir Music Macedonia“.

Балканската публика ќе има можност да ја чуе англиската верзија насловена како „No One Can Stop Me Now“, а видеозаписот за албанската верзија е веќе пуштен во етер од неодамна. Во него, покрај врвната фотографија и квалитет, се вметнати и многу визуелни ефекти и тридимензионални анимации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top