
-Тоа што стојам денес тука значи дека го направив тоа што мајка ми го побара. Ако таа беше жива, ќе беше многу горда на мене. Кога ги сретнав оние кои ги преживеале војната и силувањата, знаев колку сум среќна. Сфатив колку сум била заштитена во животот. Бев одлучна тоа повеќе да не се повтори. Сите ние во оваа просторија сме среќни. Не можам да сфатам како јас го имам овој живот, а жената на другиот крај на светот со иста работна етика, страст и можеби со подобар талент за глума е заробена во бегалски камп. Таа нема глас. Се грижи што ќе јадат нејзините деца, како ќе ги заштити и дали некогаш ќе се вратат дома. Не знам зошто е овој мој живот, а оној нејзин. Не разбирам. Но, ќе направам што можам да им помогнам – изјави Анџелина Џоли на синоќешната американската филмска академија каде беа доделени почесните „Оскари“ на Џоли, Стив Мартин, Анџела Ленсбери и на италијанскиот костимограф Пјеро Този.
Анџелина Џоли ја доби специјалната награда за хуманост „Џин Хершолт“ наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд, а останатите тројца за своите истакнати кариери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


