Етна, најактивниот вулкан во Европа, повторно еруптирала доцна вчера и денеска изутрина. Според тамошните медиуми eрупцијата исфрлила 600-метарски столб од пепел и оган. Огнот го осветлил ноќното небо над поголем дел од источна Сицилија.
Но, она што е уште поинтересно и несекојдневно кај овој вулкан се „облаците“ во облик на прстен кој излегуваат од кратерот. Ерупциите од пареа не се несекојдневна појава кај ативните вулкани, но обликот на кратероти системот на канали на Етна овие ерупции ги прави единствени со речиси идеална кружна форма. Деновиве беа зачестени ваквите ерупции од пареа.
Вулканологот Том Фајфер објаснува дека единственоста на овие кружни облаци не е само во нивната форма, туку и во честината на нивното појавување. Понекогаш ги има и по неколку десетици во еден час.
Метеопро објави интересно видео снимено пред неколку години на кое е доловен овој прекрасен природен феномен.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)





