| четврток, 6 декември 2018 |

Камерун се пласираше на СП во фудбал

Репрезентацијата на Камерун по бараж дуелите со Тунис успеа да избори пласман на Светското првенство во Бразил. За Камерун ова ќе биде седмо учество на светските првенства, а најдобриот пласман го имаа во 1990 година кога беше четвртфиналист.

Попладнево Камерун на домашен терен славеше победа од 4:1, што беше и вкупен резултат на овој двомеч бидејќи првиот натпревар заврши 0:0.

Головите за Камерун ги постигнаа: Пјер Вебо во 4.минута, Бенџамин Муканџо во 30.минута и Жан Макун во 66.минута и 86.минута, додека голот за Тунис го постигна Ахмед Акаичи во 49.минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top