| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети до Кривокапиќ: Да придонесете кон враќањето на итното прашање за името во агендата на меѓународната заедница

ahmeti

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска испрати писмо до Ранко Кривокапиќ, претседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ. Ахмети, како што се наведува во писмото, го цени придонесот на Организацијата за безбедност и сигурност во Европа за мирот и стабилноста на Македонија и регионот.
Истовремено го кани Кривокапиќ да придонесе кон враќањето на итното прашање за името во агендата на меѓународната заедница, поттикнување на страните да седнат и да разговараат на највисоко ниво, како и постигнување
компромис меѓу Македонија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top