| четврток, 6 декември 2018 |

Влошена состојбата на Нелсон Мандела: не може да зборува, комуницира со знаци

Нелсон Мандела е многу болен и не може да зборува, но комуницира со знаци, пренесува АФП, повикувајќи се на изјави на неговата поранешна сопруга Вини Мадикизела-Мандела за јужноафриканскиот весник “Сандеј Индипендент”.

Од почетокот на септември 95-годишниот Мандела е на лекување во домашни услови, откако речиси три месеци беше во болница поради белодробна инфекција.

Тој не може да изговара поради цевките во устата за дренажа на белите дробови, му објаснува Вини Мандела и додава дека, според лекарите, има надеж тој да го поврати гласот. Таа категорично негира дека Нелсон Мандела е на вештачко дишење.

Тим од 22 лекари се грижи за Мандела во неговиот дом и иако пневмонијата му поминала, белите дробови му се почувствителни, вели неговата поранешна сопруга.

Тешко е за него. Тој мора да биде во стерилна средина. Неговата соба е како сала за интензивна нега, објаснува таа за весникот.

Белодробните проблеми на Нобеловиот лауреат за мир веројатно се поврзани со последиците од туберкулозата, од која тој заболе во затвор на островот Робен, каде помина 18 години при режимот на Апартхејдот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top