| четврток, 6 декември 2018 |

Во грабежот во „Македонски пошти“ со лажен пиштол одземени 16.000 денари

Во грабежот на експозитурата на Македонски пошти на ул. „Билјанини извори“ во Охрид, во близина на „Мини маркетот“, што се случи вчера околу 17.45 часот, одземени биле 16.000 денари. Како што информираат од МВР, непознато лице со фантомка на главата вчера попладне упаднало во експозитурата и под закана со оружје одзело 16.000 денари, по што веднаш го напуштило местото.  На излегување крадецот бил забележан од случаен минувач кој се обидел да го запре но тој успеал да побегне при што му испаднал пиштолот, за кој подоцна било утврдено дека е пластичен.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот на кражбата и расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top