Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа нов пораз во рамките на АБА лигата каде попладнево беа поразени од Задар со 72-70. Ова за македонскиот шампион е петти пораз сезонава.
На крајот од третиот период Задар водеше со 61:47, но „металците“ успеаја да стигнат до изедначување 69:69 во претпоследната минута од натпреварот. Домаќините потоа брзо реализираа напад преку Тони Дијан за водство од два поена, а до крајот двете екипи постигнаа по еден поен од линијата за слободни фрлања. МЗТ Скопје Аеродром притоа не успеа да постигне „тројка“ во неколку обиди.
Задар со исклучок на последните минути кога промаши три слободни фрлања, имаа одлична реализација или во текот на целиот натпревар 13 од 16, додека кошаркарите на МЗТ Скопје промашија вкупно девет слободни фрлања (13/22).
Македонскиот првак натпреварот го играше без повредениот Никола Оташевиќ.
Најефикасни кај Задар беа: Марко Рамљак со 15 поени и Марко Шутало со 14, додека кај МЗТ Скопје по 11 поени постигнаа: Александар Костоски, Дамјан Стојановски, Ѓорѓи Чековски и Стефан Синовец.
Следниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром го игра на домашен терен со Игокеа на 23.ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


