| четврток, 6 декември 2018 |

Жали што ја стави фамилијата пред кариерата?

Популарната глумица Мишел Фајфер изјави дека е разочарана поради тоа што Холивуд и го завртел грбот.

Извор близок на глумицата рече дека Мишел верувала дека годините во кои таа ги растела децата ќе поминат незабележани и дека кога ќе сака да се врати на глумата, понуди ќе има од сите страни. За жал Холивуд има кратка меморија, па глумицата научи уште една лекција за шоу бизнисот.

– Глумицата е во страв дека нејзината успешна кариера е сега згасната, но од друга страна таа е една од ретките жени во Холивуд која има успешен брак – рече изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top