| четврток, 6 декември 2018 |

Во Исланд студено и без голови, Хрватска има одличен резултат за Бразил

Хрватите ги дочека студено време во Исланд, но „коцкестите“ одиграа одлично тактички и со поволен резултат без голови ќе го дочекаат реваншот со ривалот за пат во Бразил на Светското првенство следната година. Хрватите дури имаа и супер шанса да победат во Рејкјавик, бидејќи имаа фудбалер повеќе 40 минута по исклучувањето на Скуласон. Голманот на Исланд Халдорсон бранеше извонредно и во неколку ситуации го спаси домаќинот од пораз и ги продолжи надежите на фудбалерите од Северот на Европа за историски пласман на Светско првенство. Исланд никогаш досега не учествувал на Мундијалите.

Во тек се и останатите три натпревари од баражите за пат во Бразил. реванш дуелите се закажани за 4 дена на 19 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top