| четврток, 6 декември 2018 |

„Силуваното“ 11-годишно девојче од Битола било во врска со 16-годишно момче

Од битолското СВР  ја потврдиле информацијата дека синоќа мајка пријавила силување на нејзината ќерка. Според неа, нејзиното 11-годишно девојче минатиот месец била повеќепати сексуално нападната.

Но, според неофицијални информации на „Нова Македонија“, девојчето веќе подолго време било во љубовна врска со нејзиното момче, кое е на возраст од 16 години.

Таа вчера била пренесена во Клиничката болница во Битола во придружба на две полицајки. По извршениот преглед од гинекологот, не биле утврдени никакви знаци на насилство.

– Со оглед на тоа што се работи за малолетно девојче на 11-годишна возраст, во интерес на заштитата на нејзиниот идентитет и истрагата во овој момент не можеме да соопштиме нови детали – изјави за „Нова Македонија“, портпаролката на  СВР Битола, Магдалена Димитровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top