| четврток, 6 декември 2018 |

Жаре Бербер: Наградата ќе оди во хуманитарни цели

zare

Жаре Бербер на „Фарма“ влезе како резултат на облог. По само една недела помината на имотот во Лисовиќ веќе ги подгреа страстите на останатите фармери. Првин мислеа дека е случаен патник. Откако сфатија дека и тој е еден од фармерите кој што влегува во конкуренција за главната награда, односите се заладија и почнаа да се појавуваат и првите искри помеѓу фармерите.

Пред неговото заминување во Белград, Жаре Бербер изјави дека се што ќе заработи со неговото учество на „Фарма“, ќе го донира во Домот за деца без родители „11 октомври” и Детската клиника „Козле“. Ова е второ негово учество во реално шоу и пред да замине во Белград изјави дека причината за тоа е облог, а последицата еве ја, донација во хуманитарни цели.

Викендов Жаре има имунитет, односно не може да се гласа за негово исфрлање од имотот. Н,о не може да биде ниту газда или пак слуга. Останува само фармер чија основна задача е да шири дезинформации помеѓу останатите учесници. Што особено го разлути поранешниот сопруг на Гоца Тржан — Иван Маринковиќ. Како се снаоѓа македонецот помеѓу останaтите фармри кои веќе извесно време се изолирани на имотот, следете секој ден на телевизија Алфа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top