Актерот Кирил Поп Христов е осуден на една година затвор за нелегално одгледување марихуана во викенд-куќата во Визбегово. Ваква одлука донесе скопскиот суд на денешното судење. Тој пред судот изјави дека одгледувал лековита марихуана за да поживее уште 10 или 15 години. Тврди дека си варел чај и правел масло од неа, но не пушел.
Тој појасни дека не произведувал канабис сатива, туку канабис индика, растение во кое имало многу мало количество ТХЦ, супстанца која е забранета. Од листовите на индиката се обидел да направи лековито масло, кое ја подобрувало неговата здравствена состојба, но пред да биде готово полицијата упаднала во семејната викендичка во скопско Визбегово. Инаку, маслото го набавувал по нелегален пат. Од растенијата што биле пронајдени во подрумот од викендичката можело да се произведе масло за двонеделна терапија за неговата болест.
– Триесет години пушам марихуана, а сега не можам да пушам оти канцерот ми се прошири на белодробното крило. Ова масло сега го набавувам преку интернет за 110 куни од Хрватска. Тоа е 500 мл и е разредено, рече Кили.
Му се суди и на неговиот брат Владимир Поп Христов Мио, кој сѐ уште е недостапен за судот.
Кили беше уапсен поради производство на марихуана во неговата семејната куќа во Визбегово. Беше пронајдена лабораторија со 80 саксии со марихуана. Беше притворен на 6 септември, а јавноста се крена барајќи слобода за Кили. Тој по одредено време беше пуштен во домашен протвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија