Македонскиот актер Драган Спасов-Дац сакал да пее на „Скопскиот фестивал“, но композицијата со која требало да настапи не била примена. Тој во интервју за „Република“, објавено во последниот, 63 број, кој од денеска е во продажба, вели:
Со Александар Митевски направивме песна за „Скопски фестивал“, со идеја јас да пеам. Но, не ја примија. Сепак, набрзо ќе ја направиме песната. Беше едно кроки-сценарио, само отсвирена на клавир и отпеана. Не беше дозавршена и така и ги бараа на фестивалот. Мислам дека е добра песна и ќе се слушне наскоро – вели Дац.
Тој во разговорот за „Република“ зборува за спомените со Петре Прличко, за споменот за неговиот татко, легендарниот актер Стево Спасовски, за својата сопруга, која е негова најголема инспирација и на која има посветено многу стихови, кои би можеле да се најдат во збирка….
– Кога спие како да буричка во сонот барајќи зборови како да ме разбуди, кога зборува како да ѕуни најубавата мелодија што ја знам од памти век. Кога гушка како пролетен ветар да создава со дланките, кога љуби како сите вулкани да ги разгорува со усните, а нејзиниот мирис…
(Целиот разговор прочитајте го во печатеното издание на неделникот „Република“, што од денеска, 15.11.2013 е во продажба)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.