Непознат разбојник синоќа ограбил куќа во гостиварското село Градец, соопшти МВР. Крадецот ја прескокнал оградата на балконот на првиот кат од куќата и влегол внатре.
Украл разновиден златен накит во вредност од 400.000 денари. Полицијата трага по крадецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


