| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ распали по СДСМ

kavadarci

Портпаролот на Општинската организација на СДСМ во Кавадарци, Ненад Јовановиќ преку своја колумна објавена на локалниот сајт Мојотград.мк остро го нападна сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Тој преку својата колумна „СДСМ- плескавици или ништо“ во целост не се сложува со т.н. „Операција“ за смена на Бранко Црвенковски за која што вели дека е легална, но не може да биде легитимна.„Самата смена доведе до нарушени рекомпонирања низ градовите во Македонија – и тоа дебело смрди! И тоа нѐ може да биде во ред.“

Јовановиќ за својот сегашен шеф Заев вели дека ќе ја упропасти СДСМ и дека тој за него е најнеталентираниот политичар во последните милион години во Македонија.

Портпаролот исто така се сомнева и во сериозноста, стабилноста и интелектуалната поткрепа на ледерот на СДСМ.

“Видете, за да се води еден СДСМ, мора пред сѐ да се биде сериозен, стабилен и интелектуално поткован човек, а тоа не е Зоран Заев. Да расчистиме: немам ништо лично против тој човек, нѐ го познавам, нѐ знам ништо за него, во крајна линија ништо лично негово не ме интересира – само ме интересира партија од таков профил и државотворност, било да е на власт или во опозиција, да биде Јака, да биде Релевантна, но ви тврдам! – таа партија никогаш повеќе нема да биде Јака и Релевантна ако ја водат луѓе со такво политичко, психолошко, културолошко и интелектуално портфолио персонифицирано во Зоран Заев. И молим лепо!”

На крај од својата колумна портпаролот на СДСМ во Кавадарци Ненад Јовановиќ отворено го прашува својот лидер од каде има толкава амбиција за да биде шеф на опозициската партија.

Ова е само еден од многуте случаи кои изминатиов период можеше да ги види и слушне јавноста, кога отворено видни функционери и членови на опозициската партија јавно се спротиставуваа на изборот за претседател на СДСМ и неговите политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top