| четврток, 6 декември 2018 |

Победувала со помош на метамфетамини

Шпанската тенисерка, Нурија Љагостера Вивес, заработи суспензија на две години, бидејќи користела наркотична супстанца метамфетамин

nurija-500

Со оглед на тоа дека шпанската натпреварувачка е во поискусни години, најверојатно поради ова ќе ја заврши кариерата, бидејќи забраната за настап ќе и влијае на формата.

Љагостери Вивес употребувала метамфетамин, а ова било потврдено на турнирот во Стенфорд. Суспензијата почнува да и се смета од 23-ти септември.

Во своја одбрана, очекувано, таа тврдела дека не знае како дрогата се нашла во нејзиниот организам.

Во текот на кариерата шпанската тенисерка освоила две ВТА титули, а во 2005-та година на Отвореното тениско првенство на Франција, Ролан Гарос, стигнала до осминафиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top