
„Со 5.000 денари си купија 20.000 евра“ и „Ова се нашите `регуларни` и `ненаместени` фестивали“, се само дел од реакциите на колеги-музичари по социјалните мрежи за победата на Ламбе на „Скопски фестивал“.
Како и по секој македонски фестивал, ваквите обвинувања се неизбежни, но првото место сепак му припадна на момчето кое реши повторно активно да се врати на сцената. Наградата од 20.000 евра, пак, замина кај комплетниот автор на композицијата „Ќе те чекам јас“, Јован Јованов.
Но, покрај негодувањата околу победникот, на социјалните мрежи се појави и муабетот дека песната е плагијат. Иако има одредено прецизна бројка за тоа колку такта треба да се „позајмени“ од друга песна, за една композиција да биде прогласена за плагијат, дискутабилно е дали и дотичната песна навистина е.
Оние кои ја знаат српската пејачка и нејзиниот опус, на социјалните мрежи ја споредија песната „Ако је до мене“ на Ивана Селаков со „Ќе те чекам јас“ создадена од Јован Јованов.
Дали постои сличност, може да процените сами. Сепак, поради сите овие чаршиски муабети, навистина не вреди да се оцрнува победата на Ламбе, кој испеа одлично, а реакциите од публиката во салата го потврдија тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


