| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен најпознатиот американски снајперист

Најпознатиот американски снајперист Крис Кајл е убиен на стрелиште во Тексас откако во него пукал поранешен маринец.

Според американските медиуми, 38 годишниот Кајл, кој е поранешен припадник на елитната единица Фоки, бил убиен во местото Глен Роуз додека му помагал на војник кои се опоравувал од посттрауматско стресно пореметување.

Полицијата во Тексас соопшти дека го уапсила човекот кој пукал во Кајл. Станува збор за Еди Рут, поранешен маринец кој наводно исто така боледувал од посттрауматско стресно пореметување.

Кајл од 1999 година до 2009 година во четири наврати бил на мисии во Ирак, при што убил 150 бунтовници и добил повеќе признанија.

По враќањето дома, формирал фондација со која им помагал на војниците кои се враќале од бојните полиња да го совладаат посттрауматскиот стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top