| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА ги казни Хрватска, Грција и Романија

Фудбалскиот сојуз на Хрватска е санкциониран со 50 илјади швајцарскки франци, поради инцидентите на навивачите, за време на мечевите со Белгија и со Шкотска, во квалификациите за бразилскиот Мундијал в година.

ФИФА ги казни Хрватите со 35 илјади франци, бидејќи дел од навивачите на мечот со Белгија на 11-ти октомври, користеле усташки поздрав.

Дополнителни 15 илјади Хрватскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати бидејќи „навивачите“ палеле факели во дуелот со Шкотска четири дена подоцна.

Фудбалската федерација на Шкотска како организатор ќе треба да префрли 10 илјади франци на сметката на ФИФА.

Казна заработи и Сојузот на нашиот јужен сосед, кој ќе мора да плати 30 илјади франци поради тоа што навивачите на натпреварот со Словачка употребувале фашистички симболи.

Од слични причини, Фудбалскиот сојуз на Романија должен е да плати 10 илјади франци поради однесувањето на навивачите на соочувањето со Естонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top