
Долгогодишниот претседател на Хрватската стопанска комора Ненад Видошевиќ денеска е уапсен под обвинение за корупција.
Педесет и три годишниот Видошевиќ е осомничен за злоупотреба на службената функција, на која се наоѓа од 1995 година, и присвојување на 5,6 милиони долари, пишува весникот „Вечерњи лист“.
Тој бил сослушан од обвинители на националниот антикорупциски орган, а во неговиот дом е извршен претрес.
Полицијата минатиот месец го уапси неговиот секретар и уште едно лице под сомнение дека подготвиле план за присвојување пари преку фалсификувани фактури.
ЕУ побара од Хрватска да направи поголеми напори во борба против корупцијата на високо ниво пред да и дозволи да стане членка во јули оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


