| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Кому му пречеше спомен-обележјето за нашите загинати сограѓани

Izjava za mediumi, D.Davitkovski, 12.11.2013god.

– Последен пример за несовесно и неодговорно однесување кон македонската историја и култура е уривањето на споменикот на стреланите скопјани.  Овој споменик повеќе го нема до Kамениот мост – на местото каде што на 13 ноември 1944 година германските фашисти за одмазда стрелале деветмина граѓани, случајни минувачи. Обележјето е урнато при изведувањето на градежните работи за новите објекти околу плоштадот „Филип Втори“.  Споменот за стреланите скопјани го нема и нема каде да се положи цвеќе во чест на деветте загубени животи, токму на денот кога Скопје ја извојува победата над окупаторите. Не постои македонско достоинство без да им се оддаде заслужената почит на сите што придонесоа денес да бидеме слободни и да живееме во слобода, за нивните дела и тоа што го направија за нас, не само во Скопје, туку и во цела Македонија – реагираше денеска СДСМ.

Тие прашаа кому му пречи слоганот под кој се бореа нашите предци во Втората светка војна, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и кому му пречеше спомен-обележјето за нашите загинати сограѓани?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top