| четврток, 6 декември 2018 |

На Косово уапсени Албанци поврзани со Ал Каеда

Kosovo-Albanian mayor observes exercise in Serb enclave

Уапсената шестчлена група косовски Албанци се осомничени дека подготвувале терористички напад во Гњилане и кај езерото Грмија кај Приштина, јавува РТС.

Полицијата верува дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда. Еден од уапсените се борел во Сирија, а во нивните домови е пронајден арсенал оружје. Телефоните на групата, составена од млади луѓе од Приштина и Гњилане, биле прислушувани неколку месеци, јавува весникот „Зери“, а пренесува „Новости“.

Минатата недела некои од нив се состанувале во близина на езерото Грмија, каде што, како што се сомнева, подготвувале терористички напад. Исто така, постои сомнеж дека претходниот ден двајца припадници на оваа група нападнале двајца американски државјани.

Со прислушувањето се дознало за планот, а следувале полициска акција и апсење. Не биле сите поврзани со Грмија, па дел од акциите се одвивале во Гњилане.

Во овие два града биле уапсени шест припадници на оваа група: В. Шаља, Г. Сељими, М. Хусени, Н. Сулејмани, А. Мехмети и Б. Муљоиљи, додека еден сè уште е во бегство.

„Коха диторе“ пишува дека Генц Сељими е повратник од Сирија, чиј воен прекар е „Абу Хафс ал Албани“. Тврди дека го следи патот на Ал Каеда на Балканот и најавува нејзино скоро пристигнување тука.

„Ал Албани“ некое време бил во Сирија како војник од Косово, заедно со други Албанци. Одамна е вратен на Косово и враќањето го направило сомнителен. Долго време бил следен сè додека во средата не бил уапсен. В петокот му бил одреден притвор од 30 дена.

Полицијата за време на рацијата ги претресла куќите на осомничените и во нив открила оружје и големо количество експлозив поврзан со мобилни телефони, подготвени за детонација.

За разлика од повеќето уапсени на листата, осомничени за тероризам, уапсениот Беким М. е осомничен само за тежок физички напад. Уапсен е за минатонеделниот напад врз двајца американски државјани во Приштина, припадници на верска организација, кои на Косово делеле верски летоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top