| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри ќе добие отказ ако не победи Милан

Раководството на поранешниот италијански и европски првак Милан соопшти дека актуелниот тренер Масимилијано Алегри ќе остане на клупата на „росонерите“ само под услов да ги добие следните два натпревара и овој потег немаше да биде изненадување за спортската јавност доколку условот не се однесуваше и за пријателски натпревар.

alegri

Ова е првпат во историјата на фудбалот професионалната судбина на еден тренер да зависи од исход на пријателски дуел.

Средбите на кои треба Милан да победи за Алегри да остане на тренерската функција се против швајцарскиот тим Јанг Бојс (16 ноември) и првенствениот дуел со Џенова (23 ноември), и двете на домашен терен.

Милан по 12 одиграни рунди во Серија А се наоѓа на 10. место со само 13 освоени бода и ефект од 3 победи, 4 нерешени и пет загубени средби.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат со наследниците на Алегри во имињата на поранешните фудбалери Филипо Инзаги и Кларенс Сидорф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top