| четврток, 6 декември 2018 |

Новак го победи Рафа во Лондон, и остана втор на АТП листата

Ѓоковиќ победи Надал остана на врвот на АТП листата

Судирот на двајцата најдобри тенисери на денешницата заврши со лесна победа на Србинот кој победи со  6:3 и 6:4.

По ланското финале кое Ѓоковиќ до доби против  Федерер годинава во завршницата на АТП мастерсот во Лондон во два сета за само еден час и  36 минути игра поразен беше и шпанецот Надал.

Финалето на турнирот на кој учествуваат најдобрите 8 играчи на светот на Ѓоковиќ му ја донесе 41-та титула во кариерата а  седмата во оваа сезона.

Србинот денеска ја постигна 22-та победа во серија.

За Ѓоковиќ ова  17-ти триумф во меѓусебни дуели со Надал.

Надал досега ниту еднаш не славел на финалето на АТП мастер турнирот додека Ѓоковиќ вечерва по трет пат славеше на турнирот на најдобрите тенисери за 2013 година.

И покрај победата Ѓоковиќ сепак останува на второ место на АТП ранг листата на која што сеуште води Рафаел Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top