Со 12 интернационалци во составот македонската млада фудбалска репрезентација ќе атакува на максимален учинок, односно 6 бода во дуелите против Азербејџан во петок на 15 ноември и со Норвеша четири дена подоцна, на 19 ноември во обид да се фати приклучок за пласман на ЕП во Чешка 2015.
Во стартните два натпревари на гости забележано е едно реми со Азербејџан и пораз со Норвешка, па сега пред домашната публика на „Филип втори“ арената, младите имаат шанса за рехабилитација и приклучок кон горниот дел на табелата во осмата група.
„Репрезентацијата е составена од можеби најталентираната генерација на млади фудбалери досега. Тим кој година и пол немаше пораз во официјален квалификациски циклус и кој реално има шанси да се квалификува на Европското првенство.Очекувцаме подршка публиката за да се остварат две мошне важни победи“, изјави селекторот Бобан Бабунски.
Интересно е што и неговите двајца наследници, Давид и Доријан се на поширокиот состав и ќе бидат адути за успех. Давид настапува за Барселона Б во втората шпанска лига, а Доријан е член на јуниорскиот тим на Реал Мадрид. Со нив има уште десетмина интернационалци, што значи дека имаме млада, но искусна селекција.
Александар Трајковски, Стефан Ристовски, Давид Бабунски и Езгјан Алијоски имаат и настапи за А репрезентацијата на Македонија и од нив се очекува да бидат носители на играта во атакот на шесте бода.
Против Азербејџан ќе се игра од 17 часот а дуелот против Норвешка ќе стартува во 19,30 часот. Влезот за двата натпревари е слободен.
Список со репрезентативци за дуелите со Азербејџан и Норвешка:
Голмани: Димитриевски (Гранада, Шпанија), Илиев (Арсенал, Англија), Ефремов (Металург, Скопје).
Одбрана: Ристовски (Латина, Италија), Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Ашковски (Доњи Срем, Србија), Драгарски (Пелистер), Муслиу (Ренова), Најдоски (Работнички), Тошевски (Тетекс), Зајков (Работнички), Жута (Хакен, Шведска), Дамчевски (Криенс, Швајцарија).
Среден ред: Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Блажевски (Вардар), Бојку (Македонија ЃП), Мицевски (ОФК Београд, Србија), Наумчевски (Турново), Николов (Виторул Констанца, Романија).
Напад: Трајковски (Мехелен, Белгија), Бабунски (Реал Мадрид, Шпанија), Радевски (Металург), Велковски (Работнички), Маркоски (Работнички).
Табела: Португалија 9 (3 натпревари), Израел 6 (3), Азербејџан 4 (4), Норвешка 3 (4), Македонија 1 (2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


