| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе шиша Жаре Бербер во „Фарма“?

Жарко Богатинов алијас Жаре Бербер реши повторно да се испроба во реално шоу, место на пуст остров, овојпат замина на „Фарма“. На традиционалното неделно исклучување, продукцијата ги изненади фармерите. Вечерта која требаше да заврши со исфрлањето на Џиџа, стана за нијанса повозбудлива откако на имотот во Лисовиќ влезе скопскиот бербер. Жаре беше претставен како пејач и водител, изјави дека сака да се зеза и дружи, но и дека нема претстава што ќе се случува внатре, бидејќи не гледал ниту една епизода од шоуто и едноставно не знае на кого сѐ ќе налета внатре. Жаре влезе со тајна задача – да шири дезинформации помеѓу фармерите кои се во комплетна изолација веќе 70 дена. 

 – Јас сум авантурист по природа и сакам да си ја тестирам својата издржливост. Тоа е една од причините зошто влегов на Фарма. Другата е облог со пријател. Мој близок другар една вечер ме предизвика дека ако издржам месец дена на Фарма, ќе ме чести одмор 15 дена во Дубаи. Одлучив да си го заработам одморот, но и да покажам дека и ние Македонците умееме да направиме нешто на регионално шоу. Доста бевме само морални победници, време е да станеме и вистински – изјави Жаре непосредно пред заминувањето за Белград.

 Неделава за Жаре не може да се гласа што воедно значи дека нема да го одберат ниту за газда ниту за слуга. Оваа недела фармерите покрај редовните обврски имаат за задача да подготват и мјузикл.

Со што ќе изненади овде и ќе се врати ли како вистински победник, гледајте секој ден на Алфа ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top