| четврток, 6 декември 2018 |

„The last thing“ – новата песна на „The Sound Messengers“

the sound mesengers

По одличното лансирање на музичката сцена со „Love me“ , хитот кој го обележа летото 2013-то и кој постојано ечеше во македонскиот етер и по сите клубови низ земјата, „The Sound Messengers“  го промовираат својот нов сингл.

„The last thing“ е со побрз, пожив и поразигран ритам. Текстот за новата песна го направи Давид Димовски, додека за музиката и аранжманот се погрижи Ерик Фокс во соработка со „Јованов Рекордс“.

Како дел од „Горила продукција“, гласниците на звукот, поточно „The Sound Messengers“  се свежа комбинација на уникатниот вокал на младата пејачка Симона Попоска и искусниот микс на еден од најдобрите македонски диџеи и продуценти Кирил Зарлинов, најпознат како Ерик Фокс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top