| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомник вратил пари најдени на улица – му го скратиле социјалното

1109A_bradyRST60pБездомник од Њу Џерси до крајот на годината ќе живее без социјално и здравствено осигурување бидејќи ги вратил парите најдени на улица. Џејмс Бреди во април на тротоар пронашол 850 долари и како чесен граѓанин парите ги предал во полиција. Но, бидејќи шест месеци никој не ги побарал парите, тие му припаднале на Бреди.

111013brady_dngnkСега, како што пренесуваат медиумите, тој до крајот на оваа година нема да има социјално и здравствено осигурување бидејќи не го пријавил приходот од 850 долари. Педесет и деветгодишниот поранешен фотограф и аналитичар на пазарот пати од депресија откако ја загубил работата пред една деценија. Тој не знаел дека треба да ги пријави парите како приход. Во моментот има дом и оди на терапија, но не се знае дали со кратењето на средствата ќе може да продолжи со лекувањето.

Откако приказната за неговата чесност и казната која следела се појавија во медиумите, локалниот весник посочува дека добри сограѓани собираат средства за да му помогнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top