Бездомник од Њу Џерси до крајот на годината ќе живее без социјално и здравствено осигурување бидејќи ги вратил парите најдени на улица. Џејмс Бреди во април на тротоар пронашол 850 долари и како чесен граѓанин парите ги предал во полиција. Но, бидејќи шест месеци никој не ги побарал парите, тие му припаднале на Бреди.
Сега, како што пренесуваат медиумите, тој до крајот на оваа година нема да има социјално и здравствено осигурување бидејќи не го пријавил приходот од 850 долари. Педесет и деветгодишниот поранешен фотограф и аналитичар на пазарот пати од депресија откако ја загубил работата пред една деценија. Тој не знаел дека треба да ги пријави парите како приход. Во моментот има дом и оди на терапија, но не се знае дали со кратењето на средствата ќе може да продолжи со лекувањето.
Откако приказната за неговата чесност и казната која следела се појавија во медиумите, локалниот весник посочува дека добри сограѓани собираат средства за да му помогнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Кучка спонзоруша: Глумела бездомник за да ја хранат со сендвичи од Мекдоналдс (видео)
-
Кошаркарот Марк Гасол во тим за спасување мигранти
-
Регионалните медиуми за протестите во Македонија: Македонците на улица ја бранат земјата од Заев!


