| четврток, 6 декември 2018 |

Минесота конечно ги победи Лејкерс

Минесота Тимерволвс со убедливи 113-90, по шест и пол години, конечно, стигна до победа врз тимот на Лос Анџелес лејкерс. Последен пат кога Лејкерс загуби од Минесота беше на 6 март 2007 година

На овој натпревар, кошаркарите на Лејкерс беа толку лоши што дури беа исвиркувани од својата публика, а дел од фановите ја напуштија салата уште по првата четвртина кога Минесота имаше убедлива предност од 47-23, благодарение на неверојатната серија од 27-2.

Кевин Мартин со 27 поени и Кевин Лав со 25 беа најефикасни кај победничкиот тим, додека кај Лејекрс најпрецизен беше Стив Блејк.

Оклахома во продолжение го победи тимот на Вашингтон, а најзаслужен за оваа победа беше Кевин Дурант, кој на 16 секунди до крајот на регуларниот дел постигна тројка за изедначување на резултатот (96-96), а натпреварот го заврши со 33 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top