Италијанскиот шампион Јувентус во дербито на Италија што се играше вечерва ја „растури“ екипата на Наполи со 3-0 и се приближи до врвот на таблета со само еден бод зостанување зад лидерот Рома.
Првиот гол го постигна Љоренте уште во втората минута од сомнителна ситуација со што ги сруши сите тактички замисли на гостите од Неапол. Наполи проба да се врати во мечот, но избраниците на Рафа Бенитез не можеа да го најдат патот до мрежата на Буфон.
Во второто полувреме „старата дама“ уште повеќе го засили темпото и со головите на Пирло од прекрасен слободен удар во 74 и посебно оној третиот на Погба со волеј удар од повеќе од 20 метри го поставија конечниот резултат. За одбележување е и црвениот картон на Огбона од редовите на Јувентус по добиениот втор жолт.
Наполи не беше ни бледа сенка на игрите што ги пружаше од почетокот на сезоната. Првенството е долго но се чини дека „наполитанците“ полека го губат чекорот Јувентус и Рома за првото место.
Горан Пандев повторно не беше во составот и беше оставен на клупата сите 90 минути. Очигледно тренерот Бенитез не ги цени квалитетите на македонскиот најдобар играч.
Во последниот меч од ова коло во Италија Фиорентина ја победи Сампдорија со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



