Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во последниот натпревар од групата Б на завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон против францускиот тенисер Ришар Гасќе со 2-1 во сетови. Овој натпревар немаше никаково резултатско знаќење бидејќи Ѓоковиќ со победите извојувани во првите два меча се пласираше во полуфиналето. Првиот сет го доби Ноле во тајбрејк. Во вториот сет Гасќе од самиот почеток направи брејк и го задржа се до финишот од сетот победувајќи го со 6-4. Третиот сет започна исто така со брејк, но на страната на Ѓоковиќ. Предноста во гемови ја задржа и заслужено го освои сетот со 6-3, а воедно и мечот.
Итре во О2 арената во Лондон на програмата се двата полуфинални натпревари. Во 15 часот е првото полуфинале а силите ќе ги одберат вечните ривали Роже Федерер и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ својот полуфинале ќе го одигра во 21 часот против швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



