Екипата на Челси не успеа да слави на домашен терен против екипата на Горан Попов ВБА. Тие попладнево всушност се спасуваа од пораз по досудениот непостоечки пенал во 94 минута. Судијата Андре Маринер досуди на белата точка и му овозможи на Азар да го спаси Челси од пораз. Поведоа избраниците на Мурињо со голот на Самуел Ето во 45 минута. Во вториот дел ВБА успеа да даде два гола преку Лонг и Сесењон во 60 и 68 минута. За екипата на ВБА последните моменти од натпреварот ги одигра и Горан Попов, но не успеа да се израдува на победа на тешкото гостување во Лондон.
Во Ливерпул домашните играчи испеаа да создадат многу шанси за гол, а успеаа да реализираат четири и да со победат Фулам со 4-0. Два гола постигна Луис Суарез, еден постигна Шкртел додека првиот гол на натпреварот беше автогол на Аморебиета.
Во останатите натпревари денеска Астон Вила го победи тимот на Кардиф со 2-0, Кристл Палас и Евертон одиграа без голови, Саутемптон го декласираше тимот на Хул со 4-1.
Челси-ВБА 2-2 (Ето 45, Азар 94-Лонг 60, Сесењон 68)
Ливерпул-Фулам 4-0 (Аморебиета 23, Шкртел 26, Суарез 36,54)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.