| четврток, 6 декември 2018 |

Планинар падна во провалија кај Солунска глава

Несреќен случај се случил денеска во провалијата кај реката Бабуна каде паднa момче, кое заедно со група планинари од Битола се движеле кон Солунска глава јавува Тера телевизија.

Неофицијално, станува збор за момче од Скопје. Сеуште нема детали за инцидентот, а според првичните информации од телевизијата се чека на хеликоптер кој треба да го извлече од провалијата.

Нема повредени меѓу деветмината планинари од Битола кои денеска се таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top