Попладнево околу 15:30 часот истрели од огнено оружје ги вознемириле жителите на наслебата Бутел.
По добиените пријави во полиција, екипи на МВР веднаш излегле на терен. Се упатиле зад киното Бутел, каде во паркот, пронашле безживотно тело на се уште непознато машко лице на возраст меѓу 40 и 50 години.
Како што пренесува интернет порталот „Прес24“ полицајците на телото забележале прострелна рана во пределот на слепоочницата. Нема информации дали станува збор за убиство или самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка