По суспензијата на Виктор Троицки на 18 месеци за одбивање на допинг контрола по еден натправар која казна му беше намалена од спорткиот суд на 12 месеци, тенискиот врв со спротиставени размислувања околу ваквата ситуација со српскиот тенисер.
Виктор Троицки доби подршка од повечеќето светски тенисери, но имаше и такви кои изјавуваат дека допинг контролата мора секогаш да се почитува.
Новак Ѓоковиќ изјави дека повеќе не верува во допинг агенцијата и дека АТП воопшто не прави ништо за да ги заштити тенисерите. Подршка доби и од првиот светски рекет Рафаел Надал.
Роже Федерер контрираше со ставот дека борбата против допингот напредувала и дека има доверба во службениците од агенцијата за допинг.
Најновата реакција е од шкотскиот тенисер Енди Мареј кој изјави дека секој тенисер мора да ги почитува правилата.
Мареј ја искоментира и одбараната на Троицки.
– Троицки е непрофесионален. Сите мора да ги почитуваме правилата. Ние не знаеме што се случило во соблекувалната по мечот, но зборот на Троицки е против тој на докторката која била задолжена да изврши допинг контрола. Науката напредуваше. Секако се сложувам да има почести допинг контроли врз тенисерите и надвор од некои од турнирите – изјави Мареј со што го нафрли бесот врз себе од страна на навивачите на Троицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



