| четврток, 6 декември 2018 |

Иринеј: Попрво без Европа отколку без Косово

FoNet-PATRIJARH-PARASTOS

Поглаварот на Српската православна црква партијархот Иринеј смета дека Србија не може да се откаже од Косово ако тоа е цената на влезот во Европа. Тој изјави:

-Ако е цената на влезот во Европа да се отцепи Косово, ние тогаш и „се заблагодаруваме“ на Европа. Ние попрво ќе останеме сами без Европа, ако така мора да биде, но со нашето Косово. Таква е нашата позиција.

Патријархот Иринеј пред учесниците на меѓународната Паневропска конференција за почитување на човековите и верски права нагласи дека Србија не може да се откаже од Косово и оти меѓународната заедница мора да најде решение, бидејќи, ако три века со Албанците „можевме да живееме заедно, зошто да не би можеле денес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top