Поглаварот на Српската православна црква партијархот Иринеј рече дека Србија не може да се откаже од Косово и ако тоа е цената на влезот во Европа, тогаш, како што кажа, „ќе останеме без Европа“, јави Танјуг.
– Ако е цената на влезот во Европа да се отцепи Косово, ние тогаш и „се заблагодаруваме“ на Европа. Ние попрво ќе останеме сами без Европа, ако така мора да биде, но со нашето Косово, рече патријархот Иринеј, примајќи ги, во Патријаршијата, учесниците на меѓународната Паневропска конференција за почитување на човековите и верски права.
Патријархот рече дека Србија не може да се откаже од Косово и оти меѓународната заедница мора да најде решение, бидејќи, ако три века со Албанците „можевме да живееме заедно, зошто да не би можеле денес“.
Косово е нашата историја, култура, нашата духовност, рече патријархот и ја повика меѓународната заедница да им овозможи на српските бегалци да се вратат во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба