| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа стигна до финалето во Анталија

Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра на финалниот натпревар во Анталија, во двојки, но за жал во сингл загуби од нејзината сегашна партнерка

 

lina djorcevska

Обидот за титула на Лина Ѓорческа на ИТФ продолжува.

Во двојки, Ѓорческа и нејзината партнерка Мартина Кубичикова од Словачка се пласираа во финале, со победата над романскиот тандем Дуку/Тиг.

Вторите носителки не дозволија да загубат сет и триумфираа со 6:3/6:2

Судбината беше иронична и само неколку часа пред полуфиналето во двојки ги спои Ѓорческа и Кубичикова, но една против друга во полуфиналето во сингл. Словачката тенисерка е втор рекет и 400. на ВТА-листата и затоа оправдано победи со 6:2/6:4.

Во финалето во двојки, утре, Ѓорческа и Кубичикова ќе се соочат со првите фаворитки, Бузеан и Платон од Романија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top