| четврток, 6 декември 2018 |

60-годишен маж пронајден покрај автопат во Демир Капија

Машки труп e пронајден покрај банкината од автопатот Скопје- Гевгелија, во близина на Демир Капија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Случаен минувач, синоќа околу 23 часот, забележал маж како лежи покрај банкината од патот. Полицијата утврдила дека станува збор за машко лице на возраст од 60-тина години.

 Телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за неговата смрт, а полицијата работи на расчистување на овој случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top