Веќе подолго време се зборува дека Вил и Џејда Смит се разведуваат по 15 години поминати во брак.
Фотографиите што се појавија на интернет покажуваат дека овие гласини се можеби точни. Вил Смит се зближил со глумицата Маргот Роби за време на снимањето на филмот „Фокус“.
На фотографиите кои се појавија се гледа како австралиската глумица и Вил се смеат, гушкаат, а и си ги соблекуваат маиците еден на друг.
Веднаш откако Џејда ги виде фотографиите, таа го извади вереничкиот прстен.
– Секогаш му велев на Вил дека може да прави што сака сѐ додека може да се погледне во огледало и да биде во ред со себе. Сами ги носиме одлуките и подготвени сме за секоја од нив да преземеме одговорност – рече глумицата.
Брачната двојка пред неколку дена го стави на продажба имотот вреден 42 милиони долари, што до некаде ги потврдува шпекулациите дека двојката се разведува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.