| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно: Брејк снима нова песна

brejk

Иако се стари и по десеттина години, неговите песни и ден денес се пеат со иста страст. Дарко Гелев – Брејк повторно се враќа на македонската музичка сцена. Тој деновиве е затворен во студио кај Александар Митевски со кого работи на новата песна која треба да излезе наскоро, пренесува „Вечер“.

Познатиот скопски бизнисмен, јавноста многу повеќе го засака во улогата на пејач, а информацијата за подготвувањето на новиот материјал сигурно ќе израдува многумина.

Брејк веќе неколку години е во брак со манекенката и поранешна убавица Драгана Клопчевска со која го имаат синот Давид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top