| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската тенисерка избори пласман во четвртфиналето во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Анталија. Денеска во меч од 2.коло Ѓорческа, која е рангирана како петта носителка ја победи Викторија Кузмова од Словачка со 6:3 и 6:4 во сетови

lina djorcevska
Во утрешното четвртфинале нашата тенисерка ќе игра против втората носителка Мартина Кубицикова од Чешка, која со 6:1 во двата сета ја победи Турчинката Мелиса Атеш.
Интересно е што двете тенисерки настапуваат заедно во игра на двојки каде утре ќе го играат полуфиналето против Јапонките Наги Ханатани и Јошими Кавасаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top